ГФК Тиквеш: Не прифаќаме никаква промена на местото на одигрување на баражот со Воска!

Откако ФФМ го промени местото на одигрување на бараж-дуелот за влез во Првата лига меѓу Тиквеш и Воска, се огласија од кавадаречкиот прволигаш од каде нагласуваат дека не прифаќаат никаква промена на местото на натпреварот.

По денешната ждрепка беше пренесена одлуката бараж-дуелот да се игра во Прилеп, но по неколку часови ФФМ ја промени одлуката и натпреварот ќе се игра на 22. јуни од 17 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

„Градскиот фудбалски клуб Тиквеш 1930 АД денес официјално беше присутен со два претставника во Фудбалската федерација на Македонија каде што беше одредена ждрепката за одигрување на бараж натпреварот за ПМФЛ. На истиот тој состанок беше официјално одлучено за местото на одигрување на натпреварот во Прилеп. Но, по неколку часови по необјасниви причини дојде до промена на местото на одигрување на натпреварот. НИЕ КАКО КЛУБ НЕ ПРИФАЌАМЕ ПРОМЕНА НА МЕСТОТО ЗА ОДИГРУВАЊЕ НА ОВОЈ НАТПРЕВАР БИДЕЈЌИ ОФИЦИЈАЛНО НА ДЕНЕШНИОТ СОСТАНОК ПОМЕЃУ ДВЕТЕ ЕКИПИ БЕШЕ ОДЛУЧЕНО НАТПРЕВАРОТ ДА СЕ ОДИГРА ВО ПРИЛЕП“ – се вели во официјалното соопштение од ГФК Тиквеш.

Се вчитува...