Гичевска: На многумина веќе им е преку глава од зборот „подмладување“, но заеднички се бориме за од ништо да направиме нешто

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз од Црна Гора од 21-29 ја стартуваше новата етапа.

Најдобрата ракометарка на вчерашниот меч Леонида Гичевска, која дуелот го заврши со пет гола вели дека можеби на многумина веќе им е преку глава од повторувањето на зборот „подмладување“, но како што вели сите девојки се борат заеднички за од ништо да направат нешто овој период.

„Со оглед на тоа што заедно бевме само два три дена и сме една нова репрезентација со нов селектор и нов систем на игра, генерално сум задволна од тоа што го покажавме, иако не сакам да биде алиби за поразот. Мислам дека е потребно трпени бидејќи станува збор за многу млада репрезентација. Имаме ракометарки од 14 до 20 години кои се многу талентирани, но сепак се уште немаат искуство од играње на вакви мечеви, па затоа ќе им треба повеќе време за да се вклопат. Можеби на дел од јавноста веќе и е преку глава од тоа „подмладување“ и се уморни од исчекување да блеснеме и да се појавиме во вистински светло, но тоа е вистината. Сите ние заеднички се бориме од ништо да направиме нешто и верувајте дека ние најмногу сакаме колку за нас толку и за целата ракомента јавност да направиме добри резултати“, изјави Гичевска за ЕКИПА.МК. 

Македонија во недела ќе го одигра и вториот меч против Црна Гора во ЕХФ ЕВРО купот, а дуелот е закажан за во 20.30 часот.

Се вчитува...