Гичевска: Секој почеток е тежок, ќе бидеме подобри во продолжение на шампионатот

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз од Франција 14-24 во натпревар од 1. коло во Ц групата на Европското првенство 2022 година.

Бекот на македонската репрезентација, Леонида Гичевска вели дека секој почеток е тежок и верува дека во продолжение ќе бидат се подобри.

„Сите бевме во грч на почеток бидејќи за сите нас е прво големо натпреварување и тоа се почувствува во играта. Сепак, по првите 15 минути бевме многу подобри. Сето ова е искуство за нас и секој почеток е ваков за сите кои биле на наше место. Многу тешко е што моравме сите бекови да покриваме на десен бек. Ниту една од нас што не е природен левучар не се снајде најдобро, бидејќи е многу потешко. Сепак, верувам дека во продолжение на шампионатот ќе одиграме подобро“, изјави Гичевска. 

Се вчитува...