Гичевска: Сите знаеме која е Норвешка, но не треба никој да се воздигнува

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе одигра двомеч против актуелниот европски и светски шампион Норвешка, во ЕХФ еврокупот како дел од априлскиот прозорец.

Една од лидерките на оваа генерација на „црвено-жолтите“, Леонида Гичевска пред мечот со силниот противник вели дека сите добро знаеме која е Норвешка, но не треба никого да воздигнуваме туку да го дадеме својот максимум.

„Норвешка е репрезентација за која што мислам дека нема потреба да даваме коментари, доволно е самото тоа што е актуелен европски и светски шампион. На нас треба да ни претставува задоволство и уживање да играме такви натпревари, без притисок. Не треба никого да воздигнуваме, туку напротив треба да го почитуваме било кој противник и да го одиграме своето. Треба да се фокусираме на нас и нашата игра. На овој меч ќе имаме голема мотивација и таа не може да биде поголема бидејќи играме против најсилната репрезентација во светот“, изјави Гичевска за ЕКИПА.МК. 

Натпреварот меѓу Македонија и Норвешка кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје е закажан за утре со почеток во 19.30 часот.

Се вчитува...