Гладба во меч со шест гола подобра од Дортмунд (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах триумфираа со 4-2 против Борусија Дортмунд во премиерниот меч од 15. последно коло пред паузата за Светското првенство во германската Бундеслига.

Дури пет од шесте погодоци паднаа во првото полувреме. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Хофман уште во 4. минута. Гостите во 19. минута израмнија на 1-1 преку Брандт. Со двата гола на Бенсебани во 26. и Турам во 30. минута Гладба поведе со 3-1, а до крајот на првиот дел „милионерите“ намалија на 3-2 со погодокот на Шклотеберг. Конечните 4-2 ги постави Коне во 46. минута.

Monchengladbach [4] – 2 Dortmund – Kouadio Koné 46′ from soccer

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...