Фудбалерите на Кристал Палас стигнаа и до вториот трофеј во нивната историја откако во Комјунити шилд по пенали славеа над Ливерпул со 3-2, откако по 90 минути беше 2-2.
По мечот тренерот на
„Знаеме дека имавме доста пасивен преоден рок, но во исто време бевме убедени дека можеме да играме и со постоечкиот кадар. Овие играчи пред само три месеци го освоија ФА Купот, а сега повторно докажаа дека заслужуваат да бидат меѓу најдобрите.
Игравме против силен тим, великан на англискиот фудбал. Мислам дека можевме да победиме и во регуларниот дел, но среќата на крајот сепак беше на нашата страна. Палас ќе оди на победа на секој натпревар во Премиер лигата“, рече Гласнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

