Глазгов Ренџерс е најлошиот тим во историјата на ЛШ

Шкотскиот вицешампион Глазгов Ренџерс со пораз на домашен терен од Ајакс 1-3 го заврши настапот сезонава во Лигата на шампионите. Шкотскиот гигант е најлошиот клуб во историјата на елитното натпреварување.

Тимот од „Ајброкс“ освои нула бодови во групната фаза во мечевите против Наполи, Ливерпул и Ајакс, постигнувајќи само два гола, додека примија неверојатни 22 погодоци на шест одиграни меча.

Авантурата на Ренџерс почна со пораз 0-4 од Ајакс во Амстердам. Следеа порази со 0-3 против Наполи дома и 0-2 против Ливерпул на „Енфилд“. Реваншот со „црвените“ беше вистински кошмар, 1-7. Во претпоследното коло „сините“ од Глазгов загубија со 0-3 на гостувањето во Неапол.

Досега рекордот во групната фаза го држеше Динамо Загреб. „Модрите“ во сезоната 2012/13 ги загубија сите натпревари во друштво на Реал Мадрид, Лион и на Ајакс, забележувајќи гол разлика од 3-22.

Се вчитува...