Глишиќ: Вардар никогаш не смее да се потцени

Шкупи по четири одиграни кола во Првата лига се наоѓа на делба на водечката позиција заедно со Силекс, мотив повеќе за тимот од Чаир во пресрет на големото дерби против шампионот Вардар. „Црвено-црните“ се соочија со огромни финансиски проблеми во текот на летово, во меѓувреме успеаја да состават солиден тим, а во таборот на Шкупи се свесни дека на утрешниот дуел нема да имаат нималку лесна задача.

„Знаеме колку е значаен дуелот со Вардар, особено во ситуација кога сме на чело на табелата и сакаме да останеме таму. Играм против својот поранешен клуб, но јасно е дека ќе дадам се од себе за Шкупи да дојде до посакуваниот резултат. Вардар никогаш не смее да се потцени, бидејќи повторно собра многу квалитетни фудбалери во своите редови. Ако играме како против Пелистер или најмалку како со Нефчи, верувам дека ќе дојдеме до победата“, изјави бекот на Шкупи, Дарко Глишиќ.

Мечот меѓу Шкупи и Вардар се игра утре со почеток во 16 часот.

Се вчитува...