Глупоста на Погба го реши дербито меѓу Јунајтед и Арсенал (ВИДЕО)

Арсенал го совлада Манчестер Јунајтед со 0-1 во дерби дуелот на 7. коло во англиската Премиер-лига. Во еден лош натпревар во кој за нијанса подобар противник беа „топчиите“ клучниот момент се случи во 69. минута кога Пол Погба направи голема глупост и го фаулираше Белерин по што главниот судија на мечот, Мајк Дин досуди пенал.

Пјер Ерик Обамејанг сигурно го реализираше и донесе важни три бода за тимот од Лондон.

Со овој пораз продолжува мизеријата на „црвените-ѓаволи“ во Премиер-лигата каде се наоѓаат на 15. позиција со само 7 бода. Арсенал се искачи на 8. место со 12 бода.

 

Се вчитува...