Гнабри бара 15-20 милиони евра годишна плата за да продолжи со Баерн

Серж Гнабри сака огромно зголемување на платата, за да го продолжи договорот со Баерн Минхен.

Пред три недели Баерн Минхен имал средба со крилниот фудбалер, но биле далеку од договор. Меѓутоа во следниот период ќе има нова рунда преговори.

Фудбалерот наводно бара 15-20 милиони евра годишно, исто како неговите соиграчи Лерој Сане и Кингсли Коман.

Исходот од преговорите го чекаат Челси и Тотенхем, кои се заинтересирани за игхрачот. Напаѓачот засега не размислува да си замине од Баерн, но неговиот договор истекува на летото 2023 година.

Се вчитува...