Го бара Ливерпул, а тој вели: Од дете навивам за ПСЖ

Јан Диомамна е еден од најпосакуваните фудбалери на пазарот летово, извонредниот крилен офанзивец имаше фантастична сезона во Лајпциг, по што неговата цена на пазарот достигна и 100 милиони евра.

Тоа не ги „исплаши“ челниците на Ливерпул кои се подготвени да платат богатство за да го донесат во своите редови, но проблем е што – самиот фудбалер повеќе би сакал да замине во ПСЖ. Актуелниот европски првак исто така покажува сериозен интерес за Диоманде, парите никогаш не се проблем за „светците“ од Париз, а и самиот фудбалер делува понаклонето на преселба на „Паркот на принцовите“ отколку на „Енфилд“.

„Целото мое семејство се навивачи на ПСЖ, јас исто така од дете навивам за овој клуб. Сепак, не сакам многу да размислувам за иднината, сега сум фокусиран само на настапот на СП 2026, потоа ќе имам време за размислување“, истакна Диоманде.

Доколку Ливерпул ја загуби трката по Диоманде, се најавува дека ќе тргне во офанзива по Бредли Баркола, кој дефинитивно ќе биде продаден од ПСЖ ако на неговата позиција пристигна топ-засилувањето од Лајпциг.

Се вчитува...