Го бара пола Европа, но Раиола има само еден план за Халанд

Ерлинг Халанд тешко дека ќе остане во Борусија Дортмунд и следната сезона со оглед на интересот кој го привлекува младиот Норвежанец. За него се заинтересирани речиси сите големи тимови од најсилните лиги во Европа, но како што пренесува каталонскиот новинар, Ориол Доменек, 20-годишниот голгетер ќе заврши во редовите на Барселона, а најслужен за тоа ќе биде неговиот менаџер, Мино Раиола.

На каталонскиот клуб му е неопходна класична „деветка“, а желбата на Раиола е со тоа да ги поремети плановите на Флорентино Перез, кој никогаш досега нема доведено играч на Италијанецот. Наводно, поради овој факт во Реал Мадрид не завршил ниту Пол Погба. Барса со нов претседател сигурно ќе има буџет за да донесе нов голгетер од светска класа, особено доколку се реализираат најавите за заминување на Меси, а Раиола би требало да ја одигра клучната улога во овие преговори.

Каква ќе биде разврската и кој ќе одвои најмногу пари за младиот напаѓач останува да видиме. Оваа сезона Норвежанецот постигна 12 погодоци на десет одиграни средби во Бундеслигата, од кои два во последниот дуел против Лајпциг.

 

Се вчитува...