Го исклучија голманот на пенали, ама играчот одбрани подобро од голман (ВИДЕО)

Неверојатна драма се случуваше на првенството на Азија за фудбалери до 19 години меѓу селекциите на Катар и на Ирак. Мечот заврши 1-1, па се изведуваа пенали. Голманот на Катар, Шехаб Мамдух одбрани пенал и сите мислеа дека оваа селекција е победник, но судијата го поништи и нареди да се повтори ударот, затоа што голманот излегол чекор пред гол-линијата. Потоа поради протести кон судијата, голманот Мамдух и доби втор жолт картон и беше исклучен.

Но, капитенот на Катар ги облече ракавиците, и успеа да го одбрани повторениот пенал. Лудило…

Се вчитува...