Го налути тренерот: Касилјас стана резерва во Порто

Тренерот на Порто, Серџо Консеисао, изненади многумина со одлуката Икер Касилјас да биде преселен на клупата за уелот од ЛШ против Лајпциг, што португалскиот тим го загуби со 3-2. Португалските медиуми веднаш почнаа „истрага“ за причинните на ваквата одлука, а весникот „О Жого“ обелодени дека Консеисао решил на ваков начин да го казни шпанскиот голман поради непрофесионалниот однос.

„Мобилните телефони се забранети во тренинг кампот на Порто, освен во исклучителни ситуации кога можат да се користат. Икер не ги почитуваше тие правила, беше и предупреден од тренерот, но ситуацијата не се промени. Тренерот Консеисао сака играчите што повеќе да комуницираат меѓу себе и затоа не сака тие да пишуваат по социјалните мрежи. Добро познато е дека Касилјас е зависник од својот мобилен телефон, а не помогна ниту предупредувањето од тренерот на голманите“ – објави „О Жого“.

Според овој весник, стручниот штаб не бил задоволен ниту од залагањето на шпанскиот ветеран на тренинзите.

Икер е обвинат и дека не давал сто проценти од своите можности како останатите фудбалери на тренинзите, а тоа е нешто што е апсолутен приоритет на Консеисао. Затоа, Касилјас ќе биде на трибините на дуелот со Пакош Фереира викендов“ – најавува португалскиот весник.

Екс-капитенот на Реал Мадрид брани одлично сезонава, од десеетте одиграни средби дури на седум не прими ниту еден гол. Сепак, тренерот инсистира на професионализам, нешто што очигледно на ветеранот пред залезот на кариерата не му е приоритет.

Се вчитува...