Го прашаа Халанд за тројцата најдобри фудбалери во светот, немаше место за една легенда…

Ерлинг Халанд се наоѓа во центарот на вниманието на европската фудбалска јавност во исчекување на изборот на новиот клуб на Норвежанецот, но тој во меѓувреме говори и на останати фудбалски теми.

Така, во најновото интервју што го даде Халанд беше прашан кои се според него тројцата најдобри фудбалери во светот, а во одговорот асот на Борусија Дортмунд не го наведе Кристијано Роналдо.

„Мора да се каже – Роберт Левандовски е број еден во светот. После тоа, за мене е Карим Бензема, кој игра во извонредна форма, а тука е и Лео Меси, кој исто така е неверојатен. Затоа, Бензема и Меси ги делат второто и третото место во мојот избор“, прокоментира Халанд.

Се вчитува...