Година на кик-боксот: Дејан Митровски – Урко и вторпат едноподруго најдобар тренер-селектор во Македонија! (ФОТО)

Кикбоксот ги понесе сите главни награди на годинашниот Избор на најдобрите македонски спортисти кој традиционално го организираат Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортови на Македонија.

Дефинитивно година на кикбоксот на спортски план во Македонија, заокружена со изборот на Бобан Илиоски за најдобар спортист за 2023 година, како и Дејан Митровски – Урко за најдобар тренер-селектор во изминатава година, кој вторпат едноподруго, по изборот и минатата година, е избран за најдобар тренер-селектор.

Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија на овогодишниот избор на најдобар спортист имаше вкупно седум номинации, при што покрај изборот на Митровски и Илиоски, и Мери Акиевска, која е дел од тимот на МАГНУС центарот, го понесе признанието за најдобра спортистка на Македонија.

 

Номинирани беа и Андреа Костовска за најдобра спортистка, Силвио Мировски за најуспешен млад спортист и Марија Димовска за најдобра млада спортистка.

„Им благодарам на сите што го дадоа својот глас за мене и допринесоа да ја добијам оваа престижна нагарада. Благодарност до Аганцијата за млади испорт, која најмногу веруваше во нас и секогаш е наша најголема поддршка во остварувањето на нашите успеси. Сакам да упатам благодарност и до Сојузот на спортски федерации на Македонија, Советот за спорт при Агенцијата за млади испорт и до спортските медиуми. Морам да истакнам дека оваа награда е резултат на колективната и тимска работа во нашата федерација, па наградата ја сметаме како заедничка. Среќен сум што кик боксот во нашата земја е веќе препознатлив, вреднуван и во постојан прогрес“ – вели првиот човек на КМФМ и македонски селектор, Дејан Митровски – Урко.

„Во последниве години доминираме со масовност како во колективните спортови и имаме серизни достигнувања и резултати. Вербата во нас од страна на нашите поддржувачи , како и оваа награда, ќе ми бидат мотив за остварување на уште поголеми резултати во иднина. Без разлика во кој спорт, огромна чест и задоволство на секој Македонец е да допринесе да се пее македонската химна и вее македонското знаме ширум светот. Благодарност на довербата и подршката на мојот тим да ја предводам нашата федерација и на тимската работа во федерацијата, а доказот за сработеното е видлив и истиот се наградува“ – дополни најдобриот тренер-селектор на 2023 година.

Се вчитува...