По именувањето на Миодраг Божовиќ – Гроф за нов шеф на стручниот штаб на Вардар, веќе се комплетира и стручниот штаб на искусниот црногорски стратег.
Повторно во Вардар се враќа едно од најголемите имиња на клубот во независна Македонија, поранешниот голман Гого Јовчев, кој ќе биде тренер на голманите во стручниот штаб.
А, нов асистент на Божовиќ ќе биде и Дејан Мрваљевиќ, информираа од ФК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
