Ѓока: Во вториот дел на Чаир заигра вистинската Шкендија

Шкендија извлече бод на Чаир откако одигра 2-2 против одличниот Шкупи во премиерниот меч од новата сезоната во Првата фудбалска лига. Ако се знае дека тимот на Ернест Ѓока имаше негатива од два гола по првото полувреме, јасно е дека вистинскиот лик беше прикажан во вторите 45 минути кога Шкендија израмни со головите на Љупчо Дориев и на Валон Ахмеди.

„Да бидам искрен, одигравме две различни полувремиња. Ако го погледнеме првиот дел, направивме неколку грешки во одбраната, а тоа противникот знаеше да го искористи. Во вториот дел беше сосема поинаку, можам да кажам вистинскиот лик на Шкендија, игравме многу подобро, постигнавме два гола, а имавме шанси да постигнеме и трет победнички погодок. Треба да го задржиме мирот во играта и да бидеме многу поагресивни на теренот уште од самиот почеток“, изјави Ернест Ѓока.

Во второто коло, Шкендија на домашен терен го пречекува составот на Струга Трим Лум.

 

Се вчитува...