Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ признава дека во 2010 година размислувал да ја заврши кариерата. Тешко му паднал поразот во четвртфиналето на Ролан Гарос од Австриецот Јирген Мерцел иако имал предност од 2-0 во сетови.
„Плачев. Беше многу тежок период за мене. Сакав да го напуштам тенисот бидејќи се беше црно за мене. Не бев воопшто среќен иако бев трет на АТП листата“, изјави Ѓоковиќ.
До тој Ролан Гарос Ѓоковиќ имаше освоено само една грен-слем титула, но таа година беше пресвртница за него. Со Србија на крајот на 2010 го освои Дејвис купот, а 2011 беше една од најдобрите во историјата на „белиот спорт“ кога успеа да освои три грен-слема во една календарска година и да почне неговата доминација која трае десет години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА