Еден од членовите на Кризниот штаб за борба против коронавирусот во Србија, епидемиологот Предраг Кон реагираше на изјавата на Новак Ѓоковиќ за тоа дека е противник на вакцинирањето како метод на лечење. Најдобриот тенисер во светот вчера во разговор во живо на Фејсбук порача дека не би прифатил вакцинирање за коронавирусот за да може да патува на турнири. Неговата изјава предивика бура и во светските медиуми.
„Како еден од најверните навивачи на Ѓоковиќ би сакал да имав прилика да му го објаснам значењето и огромниот придонес на имунизацијата за здравјето на населението. Сега е веќе доцна, има створено погрешно уверување и тука веќе нема помош. Мајсторе, ти посакувам се најдобро. Обиди се во иднина да избегнуваш директни одговори на прашања во врска со вакцинацијата затоа што имаш огромно влијание“ – напиша Кон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА