Ѓоковиќ доби подарок – плац на Јахорина

Новак Ѓоковиќ по оздравувањето од коронавирусот реши да отпатува во БиХ, накратко ја посети и Република Српска, каде најдобриот светски тенисер доби и неочекуван подарок – плац на планината Јахорина. Подарокот му го додели Општина Пале, чии членови едногласно ја донеле одлуката на ваков начин да му се заблагодарат на Ѓоковиќ за посетата.

Станува збор за земјиште од површина од 400 метри квадратни кое се наоѓа на атрактивна локација на Јахорина, спроти почетната станица на гондолите. Притоа, Градоначалникот Бошко Југовиќ напометна дека таа ски-патека го носи токму името Новак Ѓоковиќ.

„Претходно размислувавме за друго земјиште, но на тоа почна да се гради спортски центар кој е неопходен за планина како Јахорина. Во договор со Новак и со неговиот татко, тие го избраа земјиштето што им беше доделено“, истакна Југовиќ.

Се вчитува...