Ѓоковиќ донираше еден милион евра, па побара само една работа

Петер Асембергс е шеф на медицинската служба во Бергамо, воедно и човекот кој прв ја обелодени богатата донација што Новак Ѓоковиќ ја даде за болниците во овој италијански град, кој е најпогоден од коронавирусот. Србинот издвои еден милион евра за да помогне во борбата на најпогодениот италијански регион против Ковид-19, а Асембергс го откри и неверојатно скромниот однос на тениската суперѕвезда.

„Признавам, бев шокиран во тој момент. Новак ни помогна со донација од еден милион евра, а побара само една работа – да не се дознае за тоа колку пари ни дал. Искрено, шокот беше голем бидејќи обично луѓето сакаат да се знае, но Новак очигледно е поразличен. Потоа, тој ми одговори: Искрено, воопшто не ми е важно дали ќе објавите, не мора да се знае дека јас воопшто сум ви помогнал, камоли да кажете колку пари сум донирал. Сепак, оставам на вас, можеби ќе процените дека со објавување на таква информација би ја подигнале свеста и кај други потенцијални донатори да го сторат истото што и јас“, открива Асембергс.

Српскиот ас даде огромна донација и во своја татковина, а нема да биде изненадување доколку во следниот период биде обелоденето дека Ѓоковиќ помогнал на уште неколку држави кои се меѓу најпогодените од коронавирусот.

Се вчитува...