Ѓоковиќ го предизвика Леброн, веднаш стигна одговор од „Кралот“

Новак Ѓоковиќ ужива во егзибициските турнири што ги организира низ државите од поранешна Југославија. Прворангираниот светски тенисер се наоѓа во Задар, каде покрај тениските покажа и дел од кошаркарските квалитети што ги поседува.

Новак објави интересно видео на социјалните мрежи, со кое јавно го предизвика Леброн Џејмс на партија баскет „еден на еден“.

„Дали сум спремен за „еден на еден“, Леброн?“ – праша Ѓоковиќ, по што веднаш следеше и одговор од „Кралот од Лос Анџелес“ – Мислам дека си подготвен. Прекрасен шут, пријателе“.

Се вчитува...