„Ѓоковиќ има голема желба да дојде во Сараево“

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ е на удар на јавноста поради организацијата на „Адриа тур“ по кој и самиот тој е заразен со коронавирус. Сите гласно ја критикуваа неговата рамнодушност и непочитувањето на протоколите во време на пандемија. Поради целата ситуација се огласи и најдобриот тенисер на Босна и Херцеговина, Дамир Џумхур.

„Сите ја дознавме веста дека Новак е позитивен на корона. Му посакувам брзо опоравување и можам само да потврдам дека се што направи беше со чисто срце и со желба да им помогне на сите тенисери од овие простори. Знам колку Ноле се бори за тенисерите од нашите простори и навистина ми е жал што една убава приказна како оваа заврши на ваков начин. Исто така знам дека ова ќе влијае на нашиот меч кој требаше да се случи во Сараево, но тоа не значи дека Ноле во иднина нема да ја посети нашата земја. Знам дека има голема желба да дојде“, изјави Џумхур. 

Покрај Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена меѓу заразените се и Григор Димитров, Борна Чориќ и Виктор Троицки.

Се вчитува...