Ѓоковиќ ја започна 424-та недела на врвот, и на 37 години ќе биде број еден во светот!

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ со 9.990 бодови од денеска ја почнува 424-та своја недела на првото место на АТП листата.

А, на врвот на листата на најдобрите светски тенисер ќе биде и на 22. мај кога ќе наполни 37 години, со што ќе стане единствениот тенисер во историјата кој на таа возраст бил на првото место.

На актуелната листа на второто место е Јаник Синер со 8.860 бодови, а на третото место е Карлос Алкараз со 7.345 бодови.

Во топ 10 се уште и Медведев, Зверев, Рубљов, Руд, Циципас, Хуркач и Димитров.

Се вчитува...