Кошаркарскиот клуб Партизан потври дека Никола Јанковиќ е позитивен на коронавирусот, откако е тестиран, во согласност со процедурите, пред да отпатува во странство.
Ако се знае дека на прошталниот натпревар на тренерот Дејан Милојевиќ, на кој присуствуваше и Јанковиќ, беа десеттици спортски ѕвезди од Србија сега голем број од нив се пред решенија за самоизолација.
Како што пренесуваат српските медиуми, во контакт со Никола Јанковиќ биле и НБА кошаркарот, Никола Јоковиќ, најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ но и Душко Вујошевиќ, Предраг Даниловиќ, новиот тренер на Црвена Звезда, Саша Обрадовиќ…, како и Мишко Ражњатовиќ, Ратко Варда, Жарко Чабаркапа.
Во најблизок контакт бил со Ѓоковиќ, Јокиќ и Даниловиќ за кои, согласно одлуката на епидемилозите од Србија, би можело да бидат издадени решенија за самоизолација.