Ѓоковиќ ќе мора да плати казна поради удирање на жена со топче на турнирот во Доха

Новак Ѓоковиќ ќе мора да исплати парична казна во висина од 3.400 американски долари поради мал инцидент за време на финалниот меч на АТП турнирот во Доха. Играјќи против Енди Мареј, доскорешниот светски рекет број еден поради изгубен поен ја насочи топката кон публиката и удри жена која седела во првиот ред.

Иако се шпекулираше за можна суспензија на тенискиот ас поради неспортскиот потег, сепак тој помина само со парична казна.

„Морам да ги претрпам последиците на тоа. Признавам дека направив грешка, но немав никаква намера. Се случува луѓето во публиката да бидат погодени со точе, особено оние кои седат во првите редови. Ќе морам да бидам повнимателен во иднина“ – истакна Ѓоковиќ. 

Се вчитува...