Ѓоковиќ: Многу ми е жал, сакав само да помогнам…

Новак Ѓоковиќ не го крие разочарувањето по расплетот на „Адриа Тур“, истакнувајќи дека целокупната организација на овие турнири била од крајно позитивни мотиви.

„Ова беше хуманитарен турнир, со желба да им помогнеме на тенисерите од регионот, да играат, да остварат приходи и на тој начин да го минат овој тежок период. Во исто време, сакавме да испратиме пораки на солидарност и ферплеј, желба ни беше да помогнеме на хуманитарните фондации и на сите оние на кои помошта им е најпотребна. Сакаме да помогнеме, целата организација ја вршевме во периодот во кој се веруваше дека вирусот славее и дека постојат услови за одржување на турнирот“, истакна Ѓоковиќ.

Србинот сега со својата сопруга ќе остане во самоизолација, а кон крајот на оваа седмица повторно ќе биде тестиран.

„Многу им е жал за секој случај на заразени лица од нашиот турнир. Ги следам изјавите на лекарите, се надевам дека бројот на заразени нема да се зголеми. Се надевам дека нема да се компликува здравствената состојба на сите заболени. Јас ќе останам во самоизолација во следните 14 дена, а за пет дена повторно ќе бидам тестиран“, објави Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...