Ѓоковиќ на тренинг со градоначалничката на Марбелја (ФОТО)

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ времето во карантин го поминува со семејството во вила во шпанска Марбелја. Тој согласно препораките од властите почна и со тренинзи, а дел од неговиот последен тренинг беше и градоначалничката, Анхелес Муњос.

„Враќањето на спортот е одлична вест. Му благодариме на Новак што е верен на нашиот град и секогаш слободното време го поминува тука со неговото семејство“, изјави Муњос. 

Ѓоковиќ за тренинг партнер го имаше 428. тенисер во светот кој работи како инструктор во академијата на контроверзниот духовен водач, Пепе Имаз.

 

Се вчитува...