Ѓоковиќ: Ништо не проповедам, само делам свои ставови

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ ја објасни причината за разговорите со одредени личности поради кои беше на мета на критика. Србинот беше нападнат поради ставовите изнесени со контроверзниот Шервин Џафаријех.

„Говорев и во претходните видеа. Но, мислам дека е важно луѓето повторно да слушнат – ова е само наша перспектива за работите во животот. Благословен сум што можам да повикам неверојатни луѓе кои го делат својот животен пат со луѓето кои може да го чујат и да бидат инспирирани да најдат нешто посебно во својот живот. Повторувам, не проповедам ништо туку во пријателски разговори делам свои ставови“, изјави Ѓоковиќ. 

 

Се вчитува...