Ѓоковиќ отпушти уште еден тренер

Новак Ѓоковиќ се реши за уште една промена во стручниот штаб, откако најдобриот светски тенисер синоќа околу полноќ објави дека се разделува со Марко Паники.

Италијанецот речиси цела деценија беше дел од тимот со кој Новак ги оствари најголемите успеси во кариерата, но Ѓоковиќ сепак реши да се раздели од Паники.

„Гранде Марко, какви неверојатни години соработка имавме заедно. Стигнавме до врвот, освојувавме титули, уривавме рекорди. Сепак, најмногу од се уживав во најобичните денови на тренинзи во теретаната или надвор од неа. Бескрајни часови „карциофини“ и смеење поради кои се чувствував супермотивиран да се подготвам за успех. Грацие Романиста (како што Горан те нарекува) за сета енергија, труд и време што ги вложи да ме направиш најдобар можен играч и личност што можам да бидам. Ти испраќам многу љубов и се гледаме наскоро во Рим“, напиша Ѓоковиќ на својот инстаграм-профил, потврдувајќи ја разделбата од долгогодишниот соработник.

Се вчитува...