Ѓоковиќ „оживува луѓе“: Со неговата донација спасивме бројни животи…

Шефот на медицинската екипа за западниот дел на Бергамо, Петер Асембергс, уште еднаш јавно му се заблагодари на Новак Ѓоковиќ за донацијата од еден милион евра. Воедно, Асембергс откри за што биле потрошени парите, купувајќи апарати со кои српскиот тенисер спасил многу животи во времето на оваа огромна криза.

„Многу ни е важна таа негова донација бидејќи со тие пари се модернизираат шок-собите во одделот за интензивна нега во болницата Тревилјо – Караваџо, која е клучно место за нашите реанимациски активности за време на пандемијата од коронавирусот. Со неговата донација буквално спасуваме животи, беа купени нови апарати, од дефибрилатори до монитори, како и неопходната опрема за персоналот“, истакнува Асембергс.

Воедно, тој откри и дека донацијата од најдобриот светски тенисер придонела по него да се појават уште многу луѓе кои уплатиле значителни суми.

„Ѓоковиќ ни даде многу пари, но го оствари и она што го посакуваше, предизвика лавина од други луѓе кои потоа се јавија да ни помогнат. Откако објавивме за неговата донација, во следните 48 часа собравме над 10 милиони евра“, задоволен е Петер Асембергс.

Се вчитува...