Ѓоковиќ пак го смени тренерот: Зимоњиќ доби отказ пред Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ е непрепознатлив на терените во оваа 2024 година, најдобриот светски тенисер нема стигнато до ниту едно финале, камоли до трофеј на турнирите на кои учествуваше, а Србинот голем дел од вината бара во својот стручен штаб.

Најпрвин се раздели од долгогодишниот соработник Горан Иванишевиќ со кого имаше успешна соработка со години наназад, по што реши за прв тренер да го ангажира својот добар пријател и поранешен репрезентативен колега, Ненад Зимоњиќ. Ниту тоа не вроди со плод, Ѓоковиќ во последните два месеца се мачеше на терените, по што реши да се раздели од Зимоњиќ непосредно пред својот настап на Ролан Гарос.

Зимоњиќ не допатува со остатокот од тимот на Новак за францускиот гранслем турнир. Она што засега е сигурно, во тимот на Ѓоковиќ ќе се најдар Миљан Амановиќ, Гебхарт Фил-Грич и Карлос Гомеш, но ниту еден од нив не е „специјалист“ за тениска тактика, нешто што беше задача на Иванишевиќ, потоа и на Зимоњиќ.

Останува да се види дали Новак дополнително ќе ангажира нов тренер во Париз, или ќе остане со овој „скратен стручен штаб“, во обид да ја прекине серијата слаби резултати што трае од почетокот на оваа 2024 година.

Се вчитува...