Ѓоковиќ пијан играл за Србија во Дејвис купот

Во забавен видео разговор со Марија Шарапова, најдобриот тенисер во светот во моментов, Новак Ѓоковиќ раскажа неверојатна приказа за тоа како мамурен по жестоки денови со многу алкохол играл за Србија во Дејвис Купот.

Тоа било по освојувањето на Вимблдон во 2011 година, Ѓоковиќ објаснува дека бил еуфоричен и имало многу алкохол. Тој бил на патувањето со српскиот тим и замолил да не го вклучуваат во мечевите тој викенд. Сепак бил ставен на распoред за мечот во двојки во сабота.

„Беше тоа по освoјувањето на Вимблдон во 2011 и исполнувањето на мојот најголем сон. Само ќе кажам дека на тој меч не го гледав топчето доволно јасно. Да оставиме на тоа“ – рече Ѓоковиќ.

Во разговорот на Инстаграм, Шарапова и Ѓоковиќ кои се големи пријатели раскажуваа за тоа како се запознале на егзибициски меч и раскажуваа анегдоти од нивните кариери.

Се вчитува...