Ѓоковиќ потврди: Ќе игра на УС Опен

Новак Ѓоковиќ ќе биде дел од тенискиот грен-слем, УС Опен. Тој ова го потврди на Инстаграм профилот каде што напиша и дека ќе игра и на турнирот Синсинати. Тој ќе биде единствениот од „големата тројка“ што ќе се натпреварува во Њујорк со оглед дека пред неколку дена Рафаел Надал соопшти дека нема да учествува на турнирот, а Роџер Федерер поради операција на коленото нема да се натпреварува до крајот од оваа година.

„Драго ми е што можам да потврдам дека ќе се натпреварувам во Синсинати и на УС Опен. Не ми беше лесно да ја донесам оваа одлука особено ако се земат предвид сите пречки и предизвици, но се радувам дека повторно ќе бидам на тенискиот терен“ – вели Ѓоковиќ.

УС Опен ќе почне на 31.август, без публика и под строги мерки за заштита од коронaвирусот. Ѓоковиќ беше еден од најгласните кои негодуваа дека пропишаните услови би биле тешко подносливи за учесниците на турнирот.

Се вчитува...