Ѓоковиќ повторно на удар поради „измамникот“ кој го поддржува

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ е на удар на британските медиуми поради начинот на кој ги бира гостите на „инстаграм“. Тие го напаѓаат Ѓоковиќ поради неговиот став околу вакцината за коронавирус, но и поради гостувањето на иранскиот нутриционист Шервин Џафаријех.

Според нив тој со Иранецот ги промовира производите кои според нив се само едно обично „ѓубре“. Најголемата штета е што овие работи ги промовира најдобриот тенисер во светот кој има големо влијание. Тие сметаат дека не е во ред првиот тенисер во светот на својот „инстаграм“ да промовира еден од најконтроверзните нутриционисти во светот.

 

Се вчитува...