Ѓоковиќ пред „Адриа тур“ на крстарење со луксузна јахта по Јадранот (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пред одржувањето на неговиот „Адриа тур“ во Задар од 19. до 21. јуни, се одлучи на кратко крстарење по Јадранот заедно со своето семејство на луксузната јахта „Аша“.

За крстарењето по Јадранот заедно со сопругата Јелена, синот Стефан и ќерката Тара, Ѓоковиќ ќе има на располагање 28 метри долга јахта со две платформи, раскошно уредени четири соби, ѓакузи и бројни други занимации за неколкудневно уживање. Еднонеделно изнајмување на јахтата чини 50.000 евра.

За Ѓоковиќ ова е прва посета на Задар, иако како што вели често летува на Јадранот….

„Многу го сакам Јадранот, ја сакам хрватското крајбрежје и генерално тој мирис на морето. Ми остана во сеќавање уште кога бев мал. Благодарен сум на сите тенисери кои одлучија да присуствуваат на овие турнири ‘Адриа тур’, на Хрватскиот тениски сојуз како и на сите во организацијата. Овој турнир ќе испрати прекрасна и силна порака на целиот свет, затоа што Задар ќе биде спортски центар на светот овие три дена“ – вели Ѓоковиќ.

На турнирот во Задар, покрај Ѓоковиќ, ќе учествуваат и бројни други тениски ѕвезди како Доминик Тим, Александар Зверев, Григор Димитров, а ќе им се приклучат и хрватските тенисер Марин Чилиќ, Борна Чориќ…, и многу други тенисери обединети во хуманитарни цели.

Се вчитува...