Ѓоковиќ: Прв сум против вакцина за коронавирус!

Додека милиони и милиони луѓе со нетрпение ја исчекуваат вакцината за Ковид-19 со која би бил ставен крај на оваа болест, Новак Ѓоковиќ изненади со изјавата дека тој најверојатно ќе одбие да прими таков лек.

„Јас сум прв против вакцини, не само за коронавирус, туку и за други болести севкупно. Не сакам кога ме условуваат да морам да примам вакцина за да патувам некаде. Тоа е мојот сегашен став, но не знам дали ќе останам на истиот бидејќи реално, може сериозно да влијае врз моите работни ангажмани. Хипотетички, кога ќе се најде вакцина, најверојатно ќе се бара од сите оние кои ќе патуваат низ различни земји да бидат вакцинирани за да не постои ризик од ширење на коронавирусот, Верувам дека оваа болест ќе донесе до промена не само во тенисот, туку и во другите спортови“, истакна Ѓоковиќ.

Српскиот ас смета дека клучно ќе биде луѓето да го победат психолошкиот страв од оваа болест.

„Поради големата паника што се шири со месеци низ целиот свет, сметам дека ова што се случува ќе остави силна трага во потсвеста на човекот. Првиот човек што ќе се закашла во близина, во авион или на глава, прво што ќе ти мине низ глава е дали е тој болен од корона и дали би можел да те зарази тебе. Тоа е она што ќе треба сите да го надминеме“, порачува најдобриот светски тенисер.

 

Се вчитува...