Ѓоковиќ со одговор до критичарите – Сега сум контроверзна личност

Новак Ѓоковиќ се најде на мета на јавноста откако изјави дека е против вакцина за коронавирусот, иако додаде дека ќе го промени мислењето доколку тоа биде услов за патување и учество на турнирите. Тој ја прокоментира ситуацијата во која се најде поради изјавата.

„Навистина е интересно, не сакам ништо да говорам, бидејќи гледам дека и денеска по весниците се уште се врти нешто што сум кажал пред неколку дена дека е контроверзно. Не сакам да бидам дел од нешто што излегува дека јас зборувам против некого. Сметам дека секој од нас треба да биде со отворен ум и да направи свое истражување. Да бидеме свесни дека вистината е негде на средина. Ако пратиме само една страна тоа не може да не направи реални“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...