Ѓоковиќ: Сум видел луѓе што со молитви правеле чуда…

Новак Ѓоковиќ повторно се најде во центарот на вниманието на тениската јавност откако јавно му даде поддршка на Червин Џафариех, човекот кој му ја има препорачано веганската исхрана на најдобриот светски тенисер.

„Внатрешната врска значи навистина да бидеш присутен и свесен, дури и кога пиеш вода. Сум видел луѓе што со молитви правеле чуда, со помош на благодарност успеале и најзагадената вода да ја претворат во лековита. Молекулите во водата реагираат на нашите емоции, научниците го имаат докажано тоа“, изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер за ваквите ставови беше критикуван од голем дел од јавноста, при што се јавија многумина кои сметаат дека Џафариех промовира производите кои според нив се само едно обично „ѓубре“. Најголемата штета е што овие работи ги промовира најдобриот тенисер во светот кој има големо влијание. Тие сметаат дека не е во ред првиот тенисер во светот на својот „инстаграм“ да промовира еден од најконтроверзните нутриционисти во светот.

Се вчитува...