Ѓоковиќ: Свесен сум за предизвиците, но одговорност е да ја сакаш татковината и да ги почитуваш сите народи

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ доби награда за допринос и промоција на Србија во светот по повод денот на српската дипломатија. Тој во говорот по повод добивањето на признанието изјави дека неговата љубов кон татковината никогаш нема да престане, но дека има почитување за сите народи кои живеат на светот.

„Јас ја сакам и почитувам својата земја и свесен сум за предизвиците и пречките кои ги имама во светот, но одговорност и должност која ја имам да себе, моето семејство и мојата земја да ги претставувам на најдобар можен начин во светот. Јас ќе продолжам да ја сакам Србија, но и да ги почитувам сите народи во светот, бидејќи верувам дека ја правам вистинската работа“, изјави Ѓоковиќ. 

Новак Ѓоковиќ ќе организира егзибициски турнир на кој се очекува учество да земат, Доминик Тим, Александар Зверев и останати тенисери од самиот врв.

Се вчитува...