Новак Ѓоковиќ импресивно го стартуваше својот настап на турнирот во Рим откако лесно славеше над Корентан Муте со 2-0 во сетови. Првиот носител бавно влезе во мечот, но штом го пронајде посакуваниот ритам Новак набрзо го „сомле“ противникот на патот до следната рунда.
Муте имаше предност од 1-3 во првиот сет кога Ѓоковиќ ја пронајде формата, па Србинот со маестрално издание освои пет гејма во низа и славеше со 6-3. Серијата на првиот носител продолжи и со брејк на стартот од вториот сет, по што Ѓоковиќ издоминира до самиот крај, славејќи со конечни 6-3, 6-1 за 83 минути игра.
Негов следен противник ќе биде Чилеанецот Табило, кој славеше со 2-0 над германскиот тенисер Ханфман.
Кецмановиќ приреди големо изненадување со елиминацијата на Каспер Руд со 2-1 во сетови. Интересно е што Руд го доби првиот сет со максимални 0-6, но Кецмановиќ блесна кога беше најтешко и со 6-4, 6-4 во следните два сета се пласираше во третото коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА