Ѓоковиќ: Загрижен сум, не сум фаворит на Ролан Гарос

Подготовките за Ролан Гарос на Новак Ѓоковиќ во текот на целата сезона засега не одат според планот. Најдобар показател за тоа е денешниот пораз во полуфиналето на турнирот во Женева од Томаш Махач.

Светскиот рекет број еден на прес-конференцијата истакна дека е загрижен и дека не се гледа себеси како прв фаворит за освојување на следниот Грен слем:

„Секако дека сум загрижен. Воопшто не играм добро оваа година. Така е како што е. Не се гледам себеси како фаворит во Париз. Ќе одам натпревар по натпревар. Навистина немав добар ден, денес беше тешко. Се чувствував ужасно во првиот дел од натпреварот. Томаш ја заслужи победата, но не знам што да мислам за овој натпревар“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...