Ѓоковиќ: Зошто има публика? Очигледно Србија подобро се справи со коронавирусот од САД

Во Србија денеска почна тенискиот турнир „Адрија тур“ во организација на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ. Пред, стартот на турнирот Србинот имаше средба на новинарите на која одговараше на нивните прашања. На прашање од германски новинар како тоа само во Србија се играат мечеви со публика, првиот рекет на светот даде интересен одговор.

„Убаво е да се има новинари од Германија. Работите се различни од САД и Велика Британија. Различни се стандардите, различни работи се случуваат во различни земји. Веројатно некои земји подобро се носат со целата ситуација од други. Страшно е да се видат бројките на починатите луѓе, но животот мора да продолжи. Ние сме спортисти, баравме начин да се натпреваруваме, а ова беше мој сон“, изјави Ѓоковиќ. 

На турнирот покрај Ѓоковиќ од самата тениска елита ќе настапат и Александер Зверев, Доминик Тим и Григор Димитров.

Се вчитува...