Женската репрезентација на Македонија до 17 години ремизираше (2-2) на гостувањето против соодветната селекција на БиХ.
Натпреварот, без сомнение, го одбележа феноменалниот погодок на Кристина Мојсоска која во 92. минута погоди директно од слободен удар од 40 метри за конечни 2-2…
Претходно, Македонија поведе уште во 6. минута со 0-1 со голот на Теодора Николовска, а домашните фудбалерки постигнаа потоа два погодоци преку Милинковиќ во 34. минута и Хасановиќ во 67. минута.
Селекторот Тоше Нацев на натпреварот против БиХ се одлучи да настапи во следниот состав: Колевска, Лимани, Идризи, Велкова, Милчевска, Ефтинџиовска, Цоклеска, Николовска, Недева, Јовановска и Петкова. Уште играа: Стеблева, Мојсовска, Сулејмани, Головска, Хани, Трипчевска, Цунева, Бартон и Зафировска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА