Гол кој ретко се гледа на нашите терени: Неверојатен проектил на Босанчиќ, но Шкупи брзо израмни (ВИДЕО)

Два одлични погодоци во самиот финиш на првото полувреме на првиот натпревар од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига.

На дуелот покрај Охридското езеро, Струга ТЛ во 45. минута поведе со ретко виден погодок на нашите фудбалски терени.

Немања Босанчиќ испрати неверојатен проектил од 30 метри изненадувајќи го Кристијан Наумовски… Сепак, гостите многу брзо потоа пред крајот на полувремето израмнија со голот на Адетунџи, за 1-1 по првите 45 минути.

Се вчитува...