Кжиштоф Пјатек експресно ја продолжи својата гол-серија од Џенова и во дресот на Милан. Полскиот ас во својот прв меч како стартер во таборот на „росонерите“ веднаш го постигна својот прв гол, по само десет минути игра од четвртфиналето во Купот на Италија против Наполи.
Лаксалт упати долго додавање од сопствената половина, а Пјатек ја искористи заспаноста на еден гостински дефанзивец, стигна пред него до топката и со прецизен удар ја смести во мрежата.
Нема сомнеж дека поранешниот фудбалер на Џенова ќе биде големо засилување за „росонерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА