Горан Пандев е кошмар вечерва за фудбалерите и навивачите на Наполи откако македонскиот голгетер за помалку од половина час го постигна и вториот гол за Џенова, за водство на овој тим од 2-0 против фаворитот од Неапол.
По водечкиот погодок за 1-0, Пандев повторно одлично се снајде во шеснаесетникот на „наполитанците“, на додавање на Зајц постигнувајќи го и вториот гол, овојпат со помош на дирекот од голот на Оспина.
Џенова е на добар пат да го изненади големиот фаворит и да освои значајни три бода во трката за опстанок, за што најзаслужен дефинитивно ќе биде токму Пандев.
GORAN PANDEV HES DONE IT AGAIN!
Outrageous first touch & finish. pic.twitter.com/cLGGzCtQfv
— Football Macedonia (@MacedonianFoot) February 6, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА