Голден стејт ги демолираше клиперси, Кари погодуваше и од „паркинг“

Лос Анџелес клиперс важи за еден од најголемите ривали на Голден стејт во Западната конференција, а токму тоа им послужи како мотивација на „воините“ да го одиграат еден од најдобрите натпревари сезонава. Голден стејт славеше со преубедливи 144-98 во меч во кој буквално се функционираше беспрекорно, а во елемент беше и Стеф Кари. Најголемата ѕвезда на актуелниот вицешампион погодуваше од сите позиции, постигна дури и тројка од сопствената половина на крајот од втората четвртина, на крајот завршувајќи го мечот со 43 поени.

[youtube id=”zf69mcf_Fw0″ width=”640″ height=”380″]

Денвер ја продолжи својата серија победи и на гостувањето против Денвер, триуфирајќи со 112-123. Јокиќ не настапи за нагетси, но оваа екипа продолжи со успешните резултати пред се благодарение на Дарио Галинари, кој постигна 32 поени. Мајами по голема битка го совлада Детроит, а Сакраменто со одличен меч на гостински терен го изненади тимот на Шарлот.

Резултати НБА:

Јута – Мемфис 95-102, Феникс – Денвер 112-123, Минесота – Бруклин 129-109, Голден стејт – ЛА клиперс 144-98, Милвоки – Бостон 108-112 (по прод.), Мајами – Детроит 116-103, Шарлот – Сакраменто 106-109.

Се вчитува...