Голден стејт му дава на Стеф Кари „бланко“ договор

Стеф Кари не успеа да го убеди Леброн Џејмс да дојде во Голден Стејт, но сепак, тој нема намера да го напушти единствениот тим за кој настапувал во професионалната кошарка.

На Стеф Кари му преостанува уште една година од договорот со Голден Стејт Вориорс. Во претстојната сезона, тој ќе биде најплатениот играч во НБА, бидејќи вредноста на неговиот договор ќе надмине 62 милиони долари.

Не претставува проблем тоа што Кари е веќе во доцните играчки години, сезоната ќе ја заврши на 39-годишна возраст, ниту пак тоа што „Вориорс“ не се во конкуренција за врвот на Западот. Голден Стејт му оддава почит на својата легенда, играчот кој целосно ја промени франшизата.

„Стеф Кари сака да остане во Вориорс и да потпише нов договор. Тие, всушност, ќе му дадат празен чек и празен договор. Ќе му дадат се што ќе посака“, пренесуваат медиумите во НБА. 

Се вчитува...